вечен (прил.) - засолниште (имн.)

Во таков еден будоар и со тие мисли сега се буди Максимилијан Мертен исполнет од инфантилниот сон и од страста излеана минатата ноќ и забележува дека нема мамурлак, само потешко будење, што сѐ заедно го припишува на мерката со која го пиеше екстравагантниот алкохол што тука, инаку се точи без ограничување и пред сѐ на исцеденоста од љубовната игра што толку благотворно го замори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа и му се допаѓа ова вечно засолниште на интимата, бункерот на телесното задоволството, исполнет со свила и брокат, витрини од секаков вид и скапоцени украси во нив, сите одземени од угледните еврејски куќи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)