веројатно (прил.) - уште (прил.)

Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сѐ уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори со оглед на доминантните мотиви на сомнеж, на гласови на кои не е можно со сигурност да се потпреш, на паралелните наративни текови, се наизглед неисцрпни во мера во која овој роман може да го понесе епитетот на отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се помисли да побара нешто за јадење, ама се сети дека е премногу рано, домаќинот веројатно уште спие, а ниту една продавница не е отворена во пет и нешто наутро.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)