веројатно (прил.) - никогаш (прил.)

Му падна на ум дека таа веројатно никогаш досега не го видела на дневна светлина и на отворено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ уште не знаеше, а веројатно никогаш и нема да знае, дали беше утро или вечер кога го уапсија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако не бев овде, веројатно никогаш не ќе знаев дека Белгија, од која секоја година кај нас летуваат стотина илјади души, е могу развиена туристичка земја и дека од туристичкото стопанство има позитивно салдо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
8 Зошто тогаш - речник? Тој збор, речник, се најде во мојот багаж на бегалец; идејата за еден друг речник, кој веројатно никогаш нема да биде напишан, патуваше со мене.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сметале дека на Советите нема да им се допадне предлогот за обновување на Англо-турскиот сојуз, особено "кога тие ќе оценат што ќе се случи наскоро поради политиката што ќе следува потоа".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако според нив Советската влада "зазела став дека не е заинтересирана за тоа дали Турција ќе влезе во војна или не", Советите "веројатно никогаш не го сакале Англо-турскиот сојуз", а сегашниот застој во британските односи со Турција "многу добро им одговара".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вистина е дека веројатно никогаш повторно нема да го почувствуваш истото, зашто тоа било тогаш и тие услови никогаш нема да бидат истите.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа, земаат уште една. Пак не е тоа. Па уште една.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А се држам за него, иако знаев дека никогаш нема да успеам да ги најдам сите одговори, дека дури нема да најдам ни многу одговори, токму зашто прашањата се поважни од сите одговори што би можел да ги дадам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но тоа нималку не ме обесхрабрило да барам макар по некој одговор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да не предизвикаше скандал мојон предмет Како да се биде геј и да не предизвикуваше нови скандали, веројатно никогаш немаше да се натерам да ја напишам книгава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едноставно ќе си го предавав предметот, ќе си ги користев расправите за да ги истражуваме средишните прашања за машкиот геј-субјективитет кои ме збунуваа, ќе ми доаѓаа разни идеи, хипотези и решенија, ќе ги обработував со една генерација студенти, па одвреме-навреме, кога ќе ме заблеснеа мигови на просветлување, ќе си објавував огледи на таа тема.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)