веројатно (прил.) - некако (прил.)

Двата модела не би биле начисто различни, сигурно: Си замислувам – а немам намера сега да го предвидувам исходот од некое посебно истражување за кое, се надевам, некој ќе се нафати, па затоа не ни сакам да претпоставувам – но си замислувам дека обата модела на геј-субјективитет веројатно некако ќе упатуваат, на пример, на мелодрамата, на кампот, на обожавањето диви и на машката геј-женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Модел на машкиот геј-субјективитет заснован врз разбирањето на особената геј-привлечност на Бети Дејвис може, тогаш, и тоа како да се разликува од ограничениот и делумен модел на машкиот геј-субјективитет што го скицирав тука и што го извлеков од една реплика на Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие на другар ми му откриваат многу за тоа каков тип е дечкото со кој излегува, за природата на врската што му е судена – конкретно, каков ќе им биде сексот... на долг рок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека би нѐ вратиле во некој психолошки модел на машкиот геј-субјективитет, тие би ја нагласиле сексуалната политика на културната форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)