веројатно (прил.) - ѝ (зам.)

„Но ние нема да им го дозволиме тоа! Никогаш!“ веројатно ѝ ветуваше Радуле на својата Стојна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Анастасија речиси беше сигурна дека Радуле во желбата да ја расположи несреќната Стојна веројатно ѝ објаснуваше дека не треба да се срами бидејќи оние од горните прозорци се страдни да зафатат барем со малиот прст од густиот маџун на задоволствата што ги уживаат тие двајцата!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Прислужникот чичко Петре веројатно ѝ ја знаел маната: ѝ набута во устата коцки шеќер а потоа нѐ избрка надвор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Телото на Рада повторно се стресе. Веројатно ѝ падна шеќерот и таа само се спушти во блиската фотелја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Седам сам и водам препирка со себеси, или само размислувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дека беше во прашање зависта сфатив кога реши да го искористи случајов и да ме замеша во разговорот и мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За неа летот беше само движење или пат за да се втаса таму каде што има одлучено; летот веројатно ѝ бил само упатство како да помине во другоно време каде што сакаше да ја одведе нејзината желба!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)