веројатно (прил.) - сум (гл.)

Кога ја кренав главата, веројатно сум изгледал толку бесно, што Пере почна да се помрднува на местото и да ги преместува нозете една на друга.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Негде при крајот на месечевата ноќ Пеперутката втрча во мојата соба и водена од насмевката на возбудата долго раскажуваше за некое чудесно лелеење во воздухот што самата таа го чувствувала; ми ја објаснуваше состојбата на привидното летање во кое и сега се наоѓала а од кое произлегувала и оваа нејзина воодушевеност: - Виде - прашуваше таа а лицето ѝ гореше - виде колку високо се качив? Дури меѓу ѕвездите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројатно сум ја насетил опасноста, сум забележал едно лице што постојано ми ги преокупирало мислите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И веројатно сум бил насмејан во моментите додека во сонот заклучував дека јас треба да бидам тој кој ќе ѝ помогне на Загорка Пеперутката да полета.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А веројатно сум се замислувал и како крал.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)