веројатно (прил.) - бев (гл.)

Девојките во Калифорнија веројатно беа, во стандардна смисла, поубави од девојките во Њујорк, но мене и понатаму ми се допаѓаше начинот на кој Њујорчан­ките беа убави - чудни и невротични (девојките секогаш се поубави кога се на работ од нервниот слом, а нашите девојки секогаш беа тука некаде).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Рака на срце, во тоа време ионака во Сан Франциско можеше да се најде што и да се посака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите во Сан Франциско беа загрижени заради купот амфетамини што можеа да се најдат тоа лето во градот - посебно беа загрижени децата на цвеќето, бидејќи спидот луѓето ги okno.mk | Margina #15-16 [1995] 127 правеше агресивни, а тоа беше токму она против кое беа тие.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
(...) Никако не можев да сфатам дали толку многу работи во шеесетите се случија затоа што многу малку се спиеше, или малку се спиеше затоа што имаше толку многу работи да се направат. Веројатно беше и едното и другото. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 163
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од 65. до 67. спиев само два или три часа на ден, но сретнував луѓе кои воопшто не спиеја и кои говореа работи како: „Еве веќе девети ден! Баш е супер!“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, летото 63-та сѐ уште немаше суперѕвезди, всушност, штотуку ја набавив својата 16 мм. камера, мојот Болекс.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа го бев спомнал пред Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Освен оние, таканаречените лажни гласини, кои создаваат фами па дури уриваат и авторитети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но вака може да се размислува па и да се донесуваат оценки само благодарејќи на фактот дека за наша среќа но и за среќа на обвинетиот не се предизвикани поголеми штетни последици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веднаш сфатив дека размислава на Даскалов веројатно беше поттикната од мојата приказна за возот и тврдењето на Огнена Гулева за татковството на Ѓурчина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Токму заради настанувањето на вакви можни последици за обвинетиот не треба да има оправдување".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Објаснувањава веројатно беа упатени кон иследникот бидејќи овој се насмеа и рече: "Разбирам разбирам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
” Ризо промрморе нешто што веројатно беше безобразно и пак заспа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не мислам дека свесно се групиравме околу некоја идеја, иако веројатно бевме групирани.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Понекогаш, кога мојот страв ќе ја создадеше помислата дека тој ќе си го одземе животот, сакав да побарам пари од брат ми за да можам да отпатувам, да го пронајдам имотот близу Минхен, каде Рајнер израснал и каде што сега веројатно беше, но знаев дека за да дојде во мир со себеси, за да дојде до одговорот на „Кој сум јас?“, му беше потребно да биде сам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа и заминувајќи од градот не ја зеде мојата адреса, не ми ја даде ни својата, и така ниту преку писма не можевме да си кажеме како сме и што правиме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веројатно беше паднал во бессознание неколку секунди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За милиони пролови лотаријата веројатно беше главната, ако не и единствена причина за живот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така, една вечер еднаш неделно, Винстон минуваше по четири часа во парализирачка здодевност, навратувајќи едно на друго мали парченца метал кои веројатно беа делови од запалка за бомба, во една промајна, лошо осветлена работилница, во која удирањето на чеканите мачно се мешаше со музиката од телекраните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Срцето му тропаше како тапан, но неговото лице, од долга навика, веројатно беше безизразно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почна да голта полни лажици од манџата, во чиј густиш имаше коцкички од некаква розеникава сунѓереста материја која веројатно беше некаква преработка од месо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поважна веројатно беше онаа наша заедничка помисла: која и каква може да биде високата цел што стои пред нас додека нѐ прогонуваат глутниците на смртта?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројатно бев збунет. Она што ќе повтев да го речам ми се чинеше плитко и нејасно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека во некоја доба ме пробуди глас што пред тоа го немав слушнато, но веројатно беше мојот бидејќи открив дека плачам во рацете на другарката Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Судбина на нашите јалови размисли! - рече Стариот писател кој веројатно беше помислил дека го шетам погледот по библиотеката што го покриваше целиот ѕид околу каминот и над него.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако не била заклучана и ако не бев тропал на таа иста врата (можеби со денови), зошто на многу места на десната дланка заедно со болката израснале и плускавици, слични на зрна од црно грозје?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па сепак, бев задоволен бидејќи не само што сфатив туку и почувствував дека втасавме таму каде што веројатно бевме наумиле.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројатно беше тргнат настрана.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си мислев на тоа додека ја чекав да ми отвори, затоа што знаев дека е дома, а нејзините веројатно беа на работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Што? Зошто? Што направив? Веројатно бев безобразна, си реков, иако не сакав да бидам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа си ветив дека добро ќе ја завршам задачата што ми ја дадоа чичковците.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој пат заѕвонив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И неговиот гроб веројатно беше најнасмеаниот гроб на целите гробишта.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Ние сме се стиснале во тие џбуновите и пробавме да грицкаме од дивите цвеќиња, чудни за нас, веројатно беше буника.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имав многу измешани чувства кои веројатно беа само остатоци и метастази од нешто одамна завршено.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)