верно (прил.) - го (зам.)

Делото подоцна било уништено или едноставно преобоено кога уметникот го напуштил ова атеље.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ние верно го следиме текот на светската историја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кој најверно го разбрал вистинскиот и најправиот народен идеал се гледа со порамнувањето на разбирањето на народниот идеал од разни лица.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Според татковите замисли, семејството ќе го најдеше излезот од порочниот круг на егзилот само доколку верно го следеше патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој грев е гревот што го чувствува поради старите чевли што верно го служеле, а тој, по долго колебање, ги оставил во туѓина, затоа што си купил нови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Татко беше сигурен дека верно го следиме патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како и да е, врз база на една сочувана копија на паус, Анре Рефреј, за оваа изложба, верно го “реконструира” цртежот од атељето на Дишан и го постави на ѕидот од /галеријата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)