веднаш (прил.) - откако (сврз.)

Веднаш откако беше констатиран предизвикувачот, престана и терапијата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тој случај, не е чудно тоа што веднаш откако ќе почнам да го читам последниот роман од Маргарет Етвуд, почнувам да размислувам дека okno.mk | Margina #1 [1994] 79 всушност треба да ја читам: Џорџ Буш, интимен портрет од Fichug Grin.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Хм, си пристори авторот сам за себе и, веднаш откако се разделија, отрча во поштата да го купи новото издание на телефонскиот именик. А можеше и да се сети.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
“430 Е, па, освен ако баш не ѝ се радуваме на хмурната можност остатокот од животот да висиме по негеј-храмови, одговорот на прашањево сигурно ќе биде едно громогласно да.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во согласност со вечното одрекување од важноста на геј-идентитетот е постојаното негирање, особено од страна на геј-мажите, на важноста на геј-сексот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Скот Џејмс се закачува за еден дваесет и тригодишен магистранд на Стенфорд со магистратура по компјутерски науки, кој живеел во геј-студентска зграда на Стенфорд и кој веднаш откако магистрирал се преселил во маалото Кастро во Сан Франциско; колку повеќе друштвениот живот се врти околу суштествувањето како геј, тој толку повеќе инсистира на небитноста на суштествувањето како геј, исто како што тоа што се аутирал кога имал шеснаесет години било начисто „ненастан“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Грајндeр (Grindr), една апликација за смартфон што ги поврзува геј-мажите преку ГПС според близината, во Сан Франциско има над 25 000 корисници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој така се соочи и со најтешкото прашање што му падна на ум веднаш откако чу дека Сандра имала срцев удар.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, мораше да го промени своето мислење веднаш откако почна да се приготвува да си легне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кучето, веројатно, задоволно од разврската, веднаш откако господинот Гроздановски ја затвори вратата зад својот пријател, радосно се раскока околу него, всушност, на тој начин изразувајќи необично задоволство што тие конечно пак останале сами.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„А ете, јас сум слушнала дека најголем дел од копитарите, ако не го излижат малечкото веднаш откако ќе го родат, ако не го обележат со својата плунка, со тој знак кој ним самите им вели: ‘Ова е мое, ова сум јас,’ тогаш го отфрлаат новороденото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Влатко ги побара родителите, со нив беше и Мими, за да им ја даде гитарата: „Ќе останам да го средиме дворот“, рече задишан, „ќе се вратам веднаш откако ќе завршиме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)