веднаш (прил.) - кон (предл.)

Се упатив веднаш кон амбасадата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„И тоа многу“, рече Винстон, сфаќајќи веднаш кон што води тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па како да се присети нешто се обрна веднаш кон Ѓура: — Најпосле, нека биде на твоето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Девојката пак залипа, но стариот не мислеше да се смили, ами некаков бес го тераше да премине веднаш кон дејство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се сеќавам, Андре Малро своевремено, по своето учество во Шпанската граѓанска војна, во движењето на Отпорот, заземајќи клучни функции, како еден од првите соработници на претседателот Шарл де Гол во повоена Франција, велеше дека литературата во светот на војни и немири можеби не може ништо да стори, но што може повеќе да стори од литературата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ајде да се фатиме кусо долго кој треба да биде прав, а кој крив пред судот, — предложи Шаќир и веќе скина од метлата две сламки — една подолга — една покуса и ги стисна во раката: — Ајде, тегни, подолгата е живот — покусата смрт.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)