веднаш (прил.) - ги (зам.)

Значи, и со бегол поглед може да се дојде до заклучок дека домашната „популарна ликовна уметност“ нема допирни точки со некои светски текови на популарноста, и тоа не само затоа што очевидно не произлегува од една развиена пазарна логика (според која навистина постои законот на понуда и побарувачка, а не само побарувачка), туку и затоа што не ги развива своите комуникациски обрасци (што сепак се случува во турбо-фолкот) и заостанува во непроменливоста на малограѓанскиот вкус (за секогаш детерминираните критериуми на „вредност“) и во парохијалниот аутизам (инцестуозна некомуникативност). Маргина 37 171
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поради сево ова, приказната за популарното (без оглед дали поаѓа од турбо-фолк естетиката или од традиционалистичкиот аутизам) за многумина веднаш ги стекнува сите негативни конотации.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А ние децата веднаш ги поврзавме работите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И затоа на „Трокадеро“ секогаш има најмногу странци, и најмногу улични фоторепортери, кои веднаш ги врачуваат готовите фотографии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Жабите во торбите заврескаа панично. Но веднаш ги испразнивме кај оној со казанот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дејко веднаш ги допре фаровите - светнати и мазни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Небројница автомобили гледаме, ама поинаку си е кога е твој. Твојот ти е најубав, нели?“ рече Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Навистина, убавина-а-а!“ викна Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
* По препирките на Студена, војводите и четниците продремаа по некој половина час, но веднаш ги изненади стражарот од „Боцкин Камен" со вест дека слушнал аскерска бурија откон Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никакво чудо не е да сме предадени, — и се заслушаа сите: ќе чујат ли и сами некаква бурија. И не се излагаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како и порано, макар и бавно, дрвцето се фаќаше на мртвата земја: пушташе кржлави лисја што веднаш ги побелуваше правта од Цементарницата, фрлаше скусена сенка што повеќе се вртеше околу коренот одошто се задржуваше на грбката.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Веднаш ги наредиле ковчежињата со очите во безбројните сали на дворецот и го заиграле својот волшебен танец...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Митре, иако не веруваше дека ќе успее да го натера докторот да тргне од градот, веднаш ги впрегна коњите и побрза колку што можеше побрзо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Боге пласна со опачината по водата, божем во ракоплескање, но веднаш ги смири веслата на знак од Фоте да запре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Веднаш ги забележе трите сиџили на кои работеше Татко пред да се разболи. Ја совладаа пак солзите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Првин бугарските, во есента во 1915-та, а потоа и германските војски, енергични, откако ги прогонија Србите од Потковицата, веднаш ги зазедоа и Чауле и сите стратешки позиции, а падините на ридиштата, и горе над шумата и долу под шумата, ги ишараа со окопи, направија, замјанка и чекаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога после, при крајот на војната, српските војски, здружени со француските, се обидоа да ги прогонат, тие цело лето, целата есен и целата таа зима куртулуваа од пешадиските, артилериските и авионските напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кому му се нозете лесни и снагата јака нека биволите веднаш ги впрегне во коли и тргне во Стан.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Предиспонирани кон индивидуален вид на борба, тие веднаш ги прифатиле идеите на Мерџанов и Манџуков, кој, ослободен од затвор, исто така пристигнал во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Веднаш ги избришав солзите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И веднаш ги прегриза усните, затоа што сакаше да молчи за својот очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја премолчуваше болката, а сепак еднаш, додека чекоревме по една улица со ред од диви костени, ми рече: „Сѐ е толку полно со живот, а сепак има мигови кога многу нешта ме повикуваат во смрт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, овие вознемирувачки мисли веднаш ги разбиваше благородниот блесок во темните очи на патрицијот – таква жед гореше во нив...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Растрепканиов поет уште веднаш ги амнестира сите што тој со години ги чуваше по затворите, а потоа ширум им ја отвори земјата на странциве.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Луѓето, читајќи го тоа, во мислите се бунеа, во мислите велеа: „Каква лага!“ - и веднаш ги фрлаа тие книги во отпад.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Реакционерните писатели пишуваа вака: „Во нашето кралство и далеку зад неговите граници и на целиот свет знаат дека нашиот крал ја носи најдобрата облека во светот“. 196 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таквите веднаш ги ставав на мојот список како потенцијална опасност за мојата безбедност. (Ова ви го кажувам зашто еднаш ми се случи токму таму, на последната постојка да ме потапка некој по рамо, се разбира да ме изненади и сосема да ме распамети.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На само 45 степени, плус уште толку покрај жарта што, се подразбира, сама мораш да ја одржуваш кршејќи ситни гранки дрва и да ги потурнуваш во огнот, кој веднаш ги лапа, а ти кршиш нови и спотинаш оган постојано.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше бесмислено тоа што се обидов да станам музичар, дури и да компонирам, немам никаква дарба за тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, се случи, токму на денот на закопот да станам полнолетен, значи да стекнам право да го преземам наследството од десет илјади марки и веднаш ги прекинав штотуку почнатите студии за да им се посветам на други планови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
О, не! веднаш ги запаметувате овие значајни стихови, овие стихови што ни оставија најсилен уметнички впечаток.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Недоверливо, напорки го погледав. Веднаш ги разбра моите погледи и сега не се стрпи, рече: - Ти си луд, другар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но штом ќе минеше свеченоста, се колнам, таа уште истиот час ги слекуваше и веднаш ги оставаше малку на сонце за да се проветрат. Тоа добро, природно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Затоа, додека им се обраќаше на своите соговорници, настојуваше да биде блиску до нив, така што неговата посебност препознатлива во измешаниот мирис на тутун, урми и гел, што го употребуваше за густата коса, веднаш ги двоеше тие што беа околу него: реата уште во мигот или ги освојуваше или ги одбиваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој никогаш не ми побара дел од заработеното; ми ги договараше средбите, ми ја најавуваше сумата, тука немаше пазарење и парите веднаш ги добивав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но веднаш ги отфрлаше таквите помисли.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Елена веднаш ги охрабри.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потоа веднаш ги избриша солзите. Да не ја види некој познат. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
— И веднаш ги фрли очите во Тода, небаре сакаше потврда на тој збор, а во себеси си помисли: „Дали не ќе ми се смеат чупињата ако го зема него дека беше армасан?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста веднаш ги заборави сите болки и страданија, ја подигна главата кон Митра, ја погледна в очи, ја развлече исушената уста и проговори: „ — Море — ми, живо било воа мечето, орлите да го мачат, колку ме измачи, да не остане, да даде господ!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Пејо и Петко Ѓорго не можеа да ја издржат очаеноста веднаш ги фрлија ортомите на брестот што беше сред дворот на тврдината и се обесија да не ја доживеат пропаста.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа веднаш ги свеси веѓите и ја замавна одречно главата, а во исто време извика силно, речиси ревна: – He, Анѓе!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа е нешто ... ама, таа веднаш ги полни гаќите.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога ги слушна мајмунчето, веднаш ги олабави шепите од вратот на човекот и рипна на првото дрво.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И така - не префрлија од албанските во југословенските камиони кои веднаш ги снемуваше.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Тешко се повредени? - Не. Мртви се. Веднаш ги закопаа покрај џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го засака и Кире зашто и тој знае да отвори и срце и душа и да привлече.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Меѓутоа, во последните денови почна да го чувствува и отсуството на Кире.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Си зборуваше Ленка така се додека не заспа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Понекогаш сè продира во него, во неговиот лик. (И тој се гледа како мртовец што чекори.) На централната свеченост, додека ждребците потскокнуваат по тактот на тапание, веднаш ги забележуваат двајцата прастари играчи, обајцата без маска, без украси, само со завиткано парче бело платно во рацете.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Потоа некои велат: Отровот бил студена вода како мраз, што како ситна роса извира од една карпа во Нонакрида, па ја фаќаат во магарешко копито, оти не може да стои во никакви други садови, веднаш ги пробива со студот и острината.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Речиси повеќето од нас веднаш ги знаевме и ги запаметувавме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Потстанав и веднаш ги познав гласовите на странските борци, зашто кај нас во четата имаше Руси, Чеси, Полјаци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас забележав како од едно мало ритче доаѓаат тројца, Цвета се исплаши и ми рече убаво да се скриеме, а јас веднаш ги препознав тројцата: шнајдерот Мане со другарите Трајче и Милан.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во меѓувреме слушнав глас: Другарке, другарке!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бабата Перса и Мурџо ја допратуваа до влезот на дворот и таа веднаш ги забораваше, ама тие не се враќаа додека не се прелееја учениците од дворот во училниците.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)