веднаш (прил.) - сфати (гл.)

Кога Мирон Донски ѝ рече на својата секретарка да не му ги пренесува телефонските повици, Татко веднаш сфати дека не се работи за обична, туку за многу сериозна средба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дамче веднаш сфати на што може да излезе сето тоа па и тој побрза да го подготви своите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но уште веднаш сфати дека сам се порази.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се чини, типчето веднаш сфати во што е поентата, се разбира дека имав мобилен и штосот со фиксниот значеше дека ако е фаца од естрадата може барем да биде џентлмен и пред да ми го побара бројот, барем да ме праша како се викам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но кога се сретнав со нејзиниот поглед веднаш сфатив дека не сум во право.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа веднаш сфати дека вистински го љуби.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој веднаш сфати дека станува збор за некаква пресметка за содржината на некаков сад.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се обѕрнав наоколу, немаше жив човек. Само кокошки, мачки и кучиња шетаа низ дворот, а според тоа како изгледаше околината, веднаш сфатив дека селото е сиромашно и дека тука луѓето скромно живеат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Треба да го тужиш. Како може така? - рече Елена и веднаш сфати дека избрзала.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога ѝ кажуваше Чана како Пелагија ѝ пишува за нивата и за семето таа веднаш сфати дека во кутрата Пелагија има веќе лошо семе, само да не крене рака на себе или на тоа во неа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- (Она визити го нагласив. Иако веднаш сфатив дека се служам со ефтини трикови за да ги осудам неговите методи).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но Роман Гигов Грофот сега веќе изигруваше некоја чудна отсуност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Проклета да си ти, издајничке на татка си!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Прекалениот римјанин веднаш сфатил дека е предаденн, а дознал и кој го предал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со време, Струма умрела.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го познаваш? - Забележав дека го повишив гласот, и веднаш сфатив оти избрзав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веднаш сфатив дека таа го знаеше моментот на моето пристигање бидејќи во истиот момент додека влегував таа го крена погледот од масата и се сврти кон мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)