веднаш (прил.) - почне (гл.)

Се чини важно за нагласување е тоа дека таа и директорката беа колешки, а горе-долу имаат и скоро 74 ист стаж.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Претходно тие никогаш немаа никакви недоразбирања, сè до моментот кога на местото на Зефиќ е поставена нејзината „конкурентка“ – која веднаш почна да се однесува арогантно, дрско и безобразно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш почна разговорот, како сам да изнурка на површината, од длабочината на претоварените души.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Никој не се помести, сите беа премногу исплашени за да направат било што, освен, секако, Пол, кој веднаш почна да му зборува на типот дека полицијата ќе дојде веднаш бидејќи сигурно го чуле истрелот, но типот му одговори дека му е сеедно и дека нема да си оди додека не ги собере своите 500 долари - а тогаш погледна наоколу и рече дека ќе ја понесе филмската опрема и еден заложник.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека Тејлор висеше на него, типот извади нож.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Одненадеж, Тејлор скокна врз него. („Имав впечаток дека скокам на челична статуа. Толку беше јак“, ми рече подоцна Тејлор).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Им рековме дека сме од Југославија, и тие веднаш почнаа да ни нудат соби.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите се свртеа накај нас и веднаш почнаа да вреват: - Леле, леле, што му станало на детето...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога влеговме во чекалната имаше неколку мајки и баби со болни дечиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Веднаш почна да овка, да стенка, небарем навистина срце го стисна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тетките се возбудија: веднаш почнаа да ја затоплуваат Емилија, да ја нудат со чаеви, да ја галат и да ја распрашуваат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кадровикот го изгледа Баге од веѓите до петиците, препознавајќи во него неуспешна лика на својата прилика, го покани да седне спроти себе преку бирото и веднаш почна со прашањата: - Што имаш од школо? - Гимназија, - како од топ исфрли Баге.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Влегоа во кабинетот на директорот и тој веднаш почна: - Утринава, рано, ми се јавија од кабинетот на Водачот. Предходно се јавиле и во Судот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Важно беше само тоа дека сега мудрецот говореше од размо, од неговите длабочини, и веднаш почна своите мудри совети да им ги дели на обичните луѓе кои пак го слушаа со широко отворени очи и уши, како да сакаа наеднаш да го проголтаат сето од него чуено...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Генералот Кшемјењ веднаш почнал да работи, но работел кратко.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Има една барака во која неколку жени се грижат за новороденчињата.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Остануваат во оваа барака уште неколку дена по породувањето, а потоа ги враќаат во бараките во кои биле сместени при доаѓањето во Терезин, и веднаш почнуваат со работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
До двајцата од дружината дојде суроглаво и жмиркаво старче со чекор на претпазливо петле и чучна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стариците, штом останаа сами со Остап, без раководството, веднаш почнаа да изјавуваат претензии: - Браќата во домот си ги насели.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Идиотска измислица!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Крај неа уште веднаш почна да се ниже дебелата перјаница пилотина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па посакав и јас да бидам жална како нив, и кажав гласно, па веднаш почнав да вежбам германски: „Како се вели ’диворс’д’ или разведена... без обврски?“, што ќе рече „Киндер“, т.е. деца немам, а на крај: „Хелмут (друго име не ми текнуваше), ето, зајебао си се!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Веднаш почна да се лути на себе - улав ли беше кога мислеше дека момчево ќе можат да го однесат на грб?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И уште веднаш почна да ѝ шуми нешто на главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Чиновниците, природно, веднаш почнаа да му го честитаат именденот на помошникот шеф на одделението и со задоволство ја прифатија поканата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И фати да се чеша над челото, зад ушите, по темето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Димитар веднаш почна да договара термини за снимање на радио документарецот и да ѝ испраќа заводнички насмевки на Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Го растовари својот подавалник и веднаш почна да јаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овие го слушнаа и веднаш почнаа да ги затвораат дуќаните, да ја избегаат глетката која ја приготвуваше кадијата за сите „неверници”.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја одврзаа, и таа веднаш почна да се соблекува, да се соголува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На пример, се сместува покрај возачот, прилично долго поради тежината и веднаш почнува: Бев уште покрупен човек.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
До пред година дена земав по три леба дневно, сега јадам еден дневно. Не оти немам апетит. Ами како...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бидејќи тетка Марија ме немаше видено никогаш во животот, веднаш почна да ме распрашува за мајка ми, татко ми, сестра ми, како и за членовите на семејството од страната на татко ми, кои никогаш не ги сретнала, но чии имиња, како по некое чудо, ги знаеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Водата повторно гргна во шолјата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во прво време воопшто не ја познав тетка Олга: да, таа не беше ниска, но не беше воопшто висока како што ми ја опиша мајка ми, а на стапалата имаше навлечено рамни и излитени црни чевлички.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Свекрва ми влезе во куќата и веднаш почна да го мрда краткиот дебел нос.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Штом го јавна него бојот веднаш почна!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Кога му пристапија сините униформи и му ги одврзаа рацете тој веднаш почна да се оправдува: „Добро, признавам, им го дадов огнот, но тоа беше толку одамна! Делото е застарено!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во селото почнало да се шушка за него Бербер, ако него не го полази вошка, кого другого! зашто не можело да се скрие дека веднаш почнал да крева куќа на три ката, највисока во селото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа приказна уште веднаш почна да се обликува прво како Еден запис, потоа како Единаесет жолтици за двата текста да се спојат во едно и да станат Бели ѕидови и сосема на крајот да останат само Ѕидови, прва моја книга иако е објавена како трета.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додека Влаинката се растрча по комшии да бара млеко и бибер за чудниот гостин, Марин Крусиќ, според трговскиот манир, направи да не изгледа неблагодарен, па веднаш почна да раскажува за медитеранските новости, една од кои беше и грипот што сега владеел по пристаништата кои се во моментов под карантин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)