веднаш (прил.) - истрча (гл.)

Кучето фрли еден краток, чиниш прекорен поглед кон неа и, бидејќи господинот Гроздановски беше веќе тргнат, веднаш истрча пред сите нив и се залепи до ѕидот кај излезната врата како готово штом вратата се отвори да се мушне, истрчувајќи надвор.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
ЈОРДАН: Бидува! (Стојче веднаш истрчува да разгласи на другарките од Симка за нејзината свршувачка).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И рипнаа четири момчиња млади; веднаш истрчаа спроти Недината куќа, та право отидоа каде многуимотниот Фоти.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А изгледа и престанала да се бања, не ти подзамирисуваше нешто малку?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Додека разговаравме, постојано погледнуваше на часовникот, а кога тетин ми се симна по неколку минути на тетка ми ѝ се осветли лицето, но веднаш истрча нагоре, несомнено да провери дали тетин ми случајно стоечки се измокрил, па да ја исчисти даската од шолјата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)