веднаш (прил.) - додаде (гл.)

Но веднаш додаде дека таа љубов ќе ја чини излегување од Партијата. Ја прашав дали е тоа превисока цена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Си дошла од иднината? – ме прашува толку едноставно како да е тоа нешто најобично на светот да се вратиш триесет години наназад и да ја сретнеш сопствената мајка кога е на твоја возраст.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мојата идна ќерка?! – се изненадува, но веднаш додава восхитено: - Баш интересно!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Подзапре како да се двоуми и веднаш додаде: „Да не реков нешто смешно?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но веднаш додаде нешто како извинување: -Простете, сепак, малку отскитав?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сретен Јаворов веднаш додаде: - Почитувани, другарот Јагулче Дримски, сите присутни, во името на Дирекцијата, ве кани на јагулска вечера, во ресторанот „Езерска куќа”. Се слушна аплауз.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Уживам кога ми се врти во главата“ рече таа и веднаш додаде дека изгледа оти ќе мора да седне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сигурно мислеше на двете желки, зашто речиси веднаш додаде: Можеби токму бавноста го разубавува животот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)