веднаш (прил.) - бев (гл.)

Но, ова добро дело на Марковски – кој притоа дојде во отворен судир со финансиската директорка на друштвото (В. Боцевска) – веднаш беше „наградено“: тој следниот ден, од страна на генералниот директор (Љ. Митрески), доби отказно решение бр. 01-13/7 за престанок на работниот однос без отказен рок, по- ради поднесена Пријава од истата директорка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако, во фирмата немаше средства и претпоставените притискаа да не се бараат пари – сепак тој успешно ја менаџираше таа состојба и, во летото 2001, успеа од директорите да „извлече“ средства за да се исплатат патарината и хранарината на вработените за тие неколку месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас во секој случај веднаш бев свесен дека Екстратерестријалната организација преку тоа UFO ми сигнализира дека контактот е воспоставен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека ги минувавме каналите, се провиравме под многу мостови: нашето љубопитство веднаш беше задоволено - над каналите во Амстердам минуваат 1.000 мостови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Следната недела го застрелаа и весникот веднаш беше затворен. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се возевме наоколу цел ден, а тој седеше на задното седиште и ми раскажуваше приказни за Холивуд од старите денови, а потоа застанувавме кај „Gour- met Chalet” да купиме стек за неговата вечера која чинеше колку една моја дневница.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Фоте и Боге се сретнаа за првпат кога Фоте колабираше на работното место и веднаш беше однесен во Воената болница, а Боге беше во конзилиумот лекари што го испитуваа и му ја дијагностицираа болеста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татко веднаш беше префрлен в болница.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се предлагаше дури и да допатува специјална екипа од главниот град, но тоа веднаш беше отфрлено од градските власти...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во саботата - пишува тој - „бандитите“ не презедоа ништо, но другиот ден, (неделата 3 мај) кон пладне, еден од нив се обиде да влезе во телеграфската станица, за, божем, да предаде телеграма, но бидејќи не само што одби да дозволи да го претресат, туку и се противстави, веднаш беше убиен од војниците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да љубиш ќерка на обележан колаборационист, кој, впрочем, веднаш беше стрелан, тоа во оние времиња беше како да носиш активирана бомба под мишка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Позастанал да гледат, што ќе и бидит на девојчето во срцето што је мрдат, и најпосле од тоа што је пизмел, ја удрил со клоца што да можи во срцето, и веднаш беше се родила чумата од девојката умрена и беше застанала на нозе просто и му рекла на царот: - Од поган татко сум се зачнала и од умрена мајка родена, за тоа кого ќе видам, ќе го испоганам кај скришните места и ќе го умрам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Играјќи еднаш Најденко, не знам како сторило и забораило, та си поткренало шапчето да си избриши потта што беше се испотило од играњето, и веднаш беше болснало светлината од ѕвездата ви очите на друзите деца што го видоа, очите беа му се зеле од ѕвездата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
СИРОМАШКАТА БАБА СО КОКОШКАТА ШТО МУ ЈА ИЗЕДЕ БОГАТИО
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На тоа згора се сетило девојчето оти за носот не(ј)зин рекол Лалата и веднаш беше му рекла: - Ако ни ет оџакот крив, стрико, лели чадо ни излегуа напрао?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тоа мислејќи се, са ноќ не сум заспал и се предумаф да те помола тебе, да се мениме со работиве: ја' некоја година да поседа дома, а ти да поеш на мојата работа!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го истурило момчето маслото од шишето и веднаш беше се сторило една река голема.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тамам на прва полноќ, еве ти ја ламјата кај идела право кај јаболкницата и веднаш беше рипнал ќелешот од јаболкницата долу и се пуштил по ламјата да ја ватит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Го врлило момчето чешело, и веднаш беше се сторило еден арман трње.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така велејќи му к'сметот на умот, беше се смирил умот и отишол, та му влегол на момчето и веднаш беше се свестило оти згрешило и беше си кројал еден тертип како да му речи на царот за да излези пред него, за да му речел нешто.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
При сѐ што беше попо пијан, кога чул оти му рекла „на!“, веднаш беше се острелоушил и ја подал раката да земит тоа што ќе му даит чоекот, што му викнал „на!“, и чоекот го грабнал за рака, та го изваил од калта.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од збор на збор на царо в уши и царцкио син кога чул оти таквоо дете имало гемиџијата, веднаш беше му дошло на ум да не би негоо ет, чунки царицата некоаш беше се повалила да роди такво дете.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога је чул зборот од девојчето Лалата, веднаш беше се сетил оти је итра прилична за царица.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога виделе тоа чудо, беше се зачудиле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ние, момче, ојме да бараме млеко од вил за очобол - му рекле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во тоа време ја гледале чумата јавно и дури ја научиа, ич од пред неа не је се истаале, тиќи многу лесно си 'и тепала луѓето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно заминале до некаде и ќелешот го жегнал влакното од коњо со крилјата и веднаш беше му втасал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Веднаш беше пратил луѓе да го донесат пред него, да го видит што дете ќе бидит со ѕвезда на чело.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ТРИ ВРЕЌИ ЛАГИ
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа дошле близу селото Плетвар, кај Дервенот, видел Силјан полето Прилепцко; видел Маркуј кули; видел и манастирот Трескаец, и од радос веднаш беше слегол до едни камење за тамо да се потурит со шишето вода, за чоек да се сторит и оттука пеш да си одит дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ами ич раѓа кола ждребе?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Остај тоа, бре синко - му рекол царот - туку глеј што је дауџија ќерка ми, што си је удрил три трешници и не си ја дексал за невеста.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога чу и виде тоа чудо царот од царицата, си ја зеде и си ја ќердоса за векот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно им расплетило косите и веднаш беше 'и врзало сите три коси за коси и 'и обесило за една гранка од дрвото што било до него.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Појди, момче, кај онаа пештера - му рекле - кај нас дома и земи 'и очите од полица, што сет како две јаболка позлаќени, однеси му 'и дома на татка ти, нека 'и изеит и веднаш очите ќе му дојдат; ама кога ќе влезиш дома кај нас, кротко да одиш за да не 'и исплашиш децата и да се изгорат в огнот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа је подошла сфеста, се мислила и се думала секако, шчо да напрајт; али таа да умрит, али девера си да г'отрујат?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Кажуј, старче, што ќе ми кажиш? - му рекло.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Арно ама што рекол некој: „Не треба чоек да се радуат многу, ни да жалат многу, оти зијан ќе го најдит.“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- му рекла царицата и му го зела ждребето, та му го дала на тој со кобилата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Врли, бре момче, солта, оти нѐ вати старио! - му рекол коњо на момчето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Добро плаќаа, а не се чувствував загрозено како што моите другарки зборуваа бидејќи веднаш беше очигледно дека се отруени со седативи, дека не можат ни да мислат ни да зборуваат, а не да се движат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За несреќата да биде уште поголема, заради констатираниот камен во жолчката, веднаш беше префрлена на хирургија. Итно беше оперирана и од оваа напаст.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога дознаа од управата за какви бесмислици го користиме времето, дека тетратката во рацете само за маска ја држиме, веднаш беше забрането шетањето крај ѕидот, а секој оној што ќе се обидеше повторно да го мери беше најстрого казнуван.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, уште веднаш беа испратени во диспанзерот за градни болести.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
До сите контроли веднаш беше јавено, Марија да биде запрена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со мачорски чекори, малку поднаведнат, се приближи до Романката.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Си ги избришав чевлите и веднаш бев казнет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ако некој ја гибнеше некоја овца, тој веднаш беше спремен да ја одбрани.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)