вака (прил.) - ли (чест.)

ТЕОДОС: Мала! Мала работа, голема срамота.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Одвај започна учебната година - а вие? Вака ли се договоривме?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Лозан Перуника се чувствувал како крадец што за лична корист ја завлекол раката во тајна печалба на туѓа душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Налутен како рис прв дотрча кај војводите и уште од педесет метра почна да вика и псуе: — Ами вака ли, море коркари, ќе го падеме Турчинот, слепци да водите што го зедоте на душа народот, аир да не сторите во очите да рече господ златен!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
РИСТАЌИ: Не треба! Сега кир Николаќи нека го порача прстенот, в недела ќе си направиме строј и тогаш: и благо ќе лапнеме, и винце ќе се напиеме... (го чука Николаќија по рамото). Вака ли, кир Николаќи?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Па се обрна кон селаните и четниците што останаа крај војводите. — И гледате?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се прашувал вака ли минувал секогаш заводливецот на жени - поразен. Скоро лазејќи се повлекол од сенката под која лежел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вака ли се чистат алишта, глупава Анастасијо? Ова ли е чистота, а? Погледај само овде, погледај (Покажува на палтото.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)