вака (прил.) - сам (прид.)

— Ех, да знае оти вака сама ќе мм остане на моите раце, али оти да барам друго чаре кога сама ќе си а сврше работата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И знаев, се надевав дека и покрај далечината, изгубеноста на еден од друг, времето што си поминуваше... закачките од познатите ”Ајде до кога вака сама”...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Бато, батенце, ех, да си сега тука, сѐ би било полесно...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татичко, кога ти би знаел, не би ме оставил вака сама во шумата, сигурно би презел нешто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега можам да ги гледам и ценам луѓето кои се со мене, за да не бидам вака сама.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас сум сега во змијарник влезена, што се вели, а вака сама, како што ме гледаш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Навистина , - си прошепна сега себеси, - зошто ли сум јас вака сам. Зошто ли?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она што беше испловило отаде го натера наглас да си шепне: - Навистина , кога не би бил вака сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ама - зошто си вака сама во дивината?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Зошто си вака сама?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Прво помисли дека се мрднала од умот, вака сама во куќава како утка, па сега блада нешто што ѝ се завртило во главата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Баба му пак си оди во кујната и нему му е уште потешко вака сам.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)