вака (прил.) - ми (зам.)

— Понекогаш и мене вака ми вика детето, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ако треба“, всушност баш вака ми рече: „Ако треба ќе посадам бостан со дињи и со лубеници. И пченка ќе посеам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па уште и вака ми сечи умот: најдобро е да гинат, а уште подобро да изгинат сите, а ако не, тогаш тоа што ќе успее да опстане живо во планињето, само ќе пребегне во мајчината...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— Чекај, ми вели Никифор, нешто имаш на устата и, фап, вака ми направи со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „Ете вака, синко Марко, се сторило со Силјана од Мало Коњари; знам оти тебе ти е како лага; арно ама мене ми е навистина, оти од татка ми е прикажана оваа приказна“, вака ми рече татко ми кога ми ја прикажа со прво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да бев Грк ќе ме спасевте, вели, вака ми се удвојува вината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Е, де, ако не беше ти ќе беше некоја друга! - се сети Никодин. Но, не велам дека и вака ми е лошо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)