вака (прил.) - ги (зам.)

Вреќи­чето со коренот му лежеше на крстот како на свикнат самар - стариот желе­зничар се сеќаваше дека вака ги носеше на грб сите свои синови кога се качуваа на Водно.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Може и Арангел вака ги коли луѓето, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Околните дрвја, белината на снегот, ѕвезденото небо почнуваат да се вртат во ритмот на лудечки валцер. – Вака ги ловам – кикотот неземен, а толку вистинит, опчинувачки танцува низ изместениот простор . . . еден, два, три . . .еден, два, три . . .
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Со очите изразив вчудовидување, а тој продолжи: - Еден месец подоцна, на 4 август солунскиот весник “Елиникос Ворас“, со големи букви вака ги извести своите читатели: “Жителите на убавото костурско село Крија Нера17 кои досега покрај грчкиот зборуваа на еден туѓ дијалект, трогнати од одличната иницијатива на патриоски расположеното население на селото Каридја – Птолемаида, спонтано решија во присуство на месните власти да се заколнат дека целосно ќе го заборават тој јазик и во иднина така тие, како и нивните синови, исклучително ќе зборуваат на грчки јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)