вака (прил.) - нема (гл.)

- Да имавме газија, - продолжи мајка му - вака немаше да се мачиме.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Некои ластари или полжави ќе им наберам ќе ги превртам меѓите, ливадите и нешто ќе им наберам и ќе им сварам. Вака немаш - каде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но вака нема лекар што може да ти помогне, а нема ни лек.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Добро сторив што брзо потоа му упаднав на Лауша дома и особено што писмата му ги побарав пред жена му, инаку можеби ќе се повлечеше, ќе се извлекуваше на мало пијанство, вака немаше каде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Мораш и ти да земаш нешто. Вака нема да можеш да издржиш“, велеше туѓиот доктор, а јас и не сакав да издржам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)