вака (прил.) - може (гл.)

Само вака можам да си го објаснам избегнувањето па дури и заобиколувањето на патеката или улицата по која врвам а пред мене ќе помине црна мачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да имаше градови ќе можеше да организираш градска герила, вака можеш да си организираш едно скромно, приватно самоубиство.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Вака може да ми го кршат киселиот, па да не ми текне веќе од дома да излеза, а да трчам како пашит коњ за други да се радуајат со невести и со пари“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вака може и да ја спасиме барем твојата та мојата иако отиде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се пробива меѓу луѓето што се растоварат и го подзабрзува братчето Поарно да останеше во вагонот, вака можам и тебе да те загубам!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше еден сосема тих глас, а по него еден длабок одглас на нешто како далечен истрел, кој потоа како да се повтори од поблиску, а низ сето тоа, едвај дофатливо за слухот, се носеа последните одзвуци од нешто, што не беше ни писок ни волчешко завивање, а тој во таа своја потонатост можеше уште да помисли дека вака може да се разреси во своите последни одзиви само човечкиот вик.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Не, не можам да му верувам на она што ме збунува – му велам на толкувачот на соништата од бараката број три.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)