вака (прил.) - бев (гл.)

Вака беше. Црвеноармејците седее, ете, вака, како шо сега седиме ние околу огно и се топлее.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вака беше третиран како обичен инкасатор кој дошол да го види водомерот и да наплати вода, а притоа го затекнал домаќинот и домаќинката, онака разгаќени, неподготвени за неочекуваниот посетител.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го памети ли некој почетокот на оној филм „1941“ на Спилберг? Вака беше: Ноќ над Калифорнија.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А вака беше. Вам лага, мене чиста вистина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вака беше присутен толку малку, толку формално.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А вака беше, оти не беше инаку, од моја уста кажано, со моја рака пишано: откако се поклонивме ние пред Филозофот и тој пред нас, логотетот рече: „Добредојде, Филозофе“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И дека тоа вака беше единствено можно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За гостите заклавме прч. Олкав вака беше, ко козолци му беа роговите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си кажуваме така жените, што сме виделе на сон: вака беше, онака беше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)