брзо (прил.) - ми (зам.)

Братучедите повторно срамежливо ме избакнуваа и брзо ми се измолкнаа од прегратки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од ситните букви на Библијата, од каде што правев изводи, очите брзо ми се заморуваа и ме фаќаше блага главоболка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И сирото тркачко грло со куп ребра и една бела душа - си попаднало во нестарателски раце. „Твојата соба е поголема“ , шепнаа. „А утре ќе дојдеме и ќе го однесеме.“ „Кого?“ Го триеше со дланката темето и мислеше: брзо ми расте овесов на глава - треба утре да појдам на бричење. „Коњот“ , чу и се изненади.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Крстатни орли горе се вијат, в шумици диви ѕверој се кријат, долиње стрмни долу се сечат, рекички бистри брзо ми течат...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
А што е најважно, многу брзо ми фаќа главата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)