бргу (прил.) - го (зам.)

Тие бргу го осмислија просторот на напуштените, полупразни куќи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но и таа мисла бргу го напушташе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, бргу го избркавме овој непожелен гостин од кај нас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Исламизацијата доста бргу го зафатило и градското христијанско население.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ја сфати човекот положбата со палтото и бргу го лизна хемискиот молив, прецрта нешто на едно стуткано ливче и ја напиша цифрата 500.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Белокорите буки бргу го скрија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мајката се сети. Бргу го слука прстенот од едниот прст и, фаќајќи ја стројничката за рака благо ѝ рече: - Земи го, сестро...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Павле го мушна в џеп ливчето, излезе од дуќанот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бидејќи на тумбесто и исцедно место, не требаше да копаат длабоко за да го заколчат и да го заштитат со ров од поројни води; па бргу го подигнаа гломазниот шатор со дел за престој со легла и дел со магазин за опремата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бргу го сопреа два големи бункери, како големи бели очи на ридот, кои ми ја упатуваа последната закана: никогаш повеќе да не се враќам во родната земја зашто, во спротивно, ќе пукаат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа пребледе, бргу го погледна братучедот, кој веќе стануваше, и си ги закаса усните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но таа бргу го стресе стравот од себе, ја стутка салфетата обележана со кафени кругови и ја фрли во ѓубрето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му упати молежлив поглед на човекот со лузната, но тој беше зафатен правејќи совршени крукчиња од чад со усните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Црвениот лимен конус, макар што беше единствениот предмет во куќата што имаше некаква врска со противпожарната заштита, во инспекторот предизвика особено негодување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- На старо од пазар го купивте? И, не очекувајќи го одговорот на, како од гром погодениот Александар Јаковлевич, тој го симна „Еклер“ од рѓосаната шајка, без предупредување ја скрши капислата и бргу го сврте конусот нагоре. okno.mk 173
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мајка, како што велеше, бргу го фати редот на куќата, која имаше приземје и два ката, со авлија која завршуваше во убаво средена градина, со летна кујна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тука имаше и сач (вршник), неколку бакарни тепсии, тави, ѓумови...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога кон мугри допираа првите зраци светлина, Климент Камилски конечно го наполни куферчето со нужната литература да се бори со петте опасни зборови, и потоа подлегна, малку да се одмори, бргу го совлада сонот и во него немирен, продолжуваше да ја дополнува смислата на избраните зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
10. ПОКРИЕНОТО МЛЕКО МАЧКА НЕ ГО ЛОКА - и јаглењата покриени поусилно жежат: жената си прибира сѐ што ѝ е на показ и бргу го покрива со - поедра мрежа...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тивко, тивко го расвести и бргу го поведе кои своите српски окопи, каде што веќе другарите беа се загрижиле за него, ота и зората наближуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неколку момчиња и девојчиња ги видоа и им обрнаа внимание на постарите, а овие бргу го известија попот и ќефалијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Искинав неколку парчиња месо и бргу го напикав сето во уста, а потоа му се фрлив на оризот. И тој смрдеше на месо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Наскоро најдов и едно тајно ќоше со малото ѕитче на кое можев да седам и да гледам поголемо ѕитче врз кое се потпишале другите пациенти што го откриле ова скришно место: Дуле, Мери, Марко.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дино повторно запали цигара, но овојпат му се пиеше и кафе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неговата не успеав да ја видам затоа што многу бргу го вовлекоа во собата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Оттогаш никој повеќе не го виде А. Соседите бргу го заборавија.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога станавме следното утро, пред да се построиме, пред нас помина едно куче, но само што нè одмина експлодира една мина и си рековме: Еј, кучето нè спаси, па бргу го напуштивме селото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие ми даваа од јатките божем мислеле и за мене, но јас им реков дека никако не сакам да земам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бргу го свртува листот, да ја покрие.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)