божем (прил.) - случаен (прид.)

Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
За него беше важно да ја пренесе пораката, се разбира усна, а не писмена со последици, да ја направи средбата божем случајна, како судир на двајца сопатници што одат во спротивни насоки, и со тоа да се сврши сѐ, без некој отстрана да забележи нешто сомнително.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)