божем (прил.) - од (предл.)

Но, како божем од некое искуство сега знам дека жолтата боја полека ќе добие еден сјај до вжештеност и ќе ме обземе во доживувањето што ми го носи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се запуштам зафатен божем од поважни работи и поважни мисли.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мораше да почека, а кога вратата се подотвори, меѓу вратата и вратилото се појави капетанката само по комбинезон. Божем од горештината.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И јас нејзе ѝ дадов сметко-потврди божем од банката каде што тие ги упатувале дневниот пазар за секој ден во месецот и ги вртам датумите на печатот, го удирам за секој ден.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сарафовиот комитет им давал повод на многумина што биле убедени во потчинетоста на Врховниот комитет кон дворецот и бугарската влада да тврдат дека зад Сарафов и неговите пријатели стојат бугарските штикови и дека револуцијата што се подготвува во Македонија е управувана божем од Софија и ќе започне со знак даден од кнезот Фердинанд и неговата влада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Петре го виде тогаш панаѓурот сметен божем од некаква џиновска метла, а тезгите и редиците сермии претворени во долги миндери со најшарени шари.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Луѓето од Долнец божем од голема вера ги качиле гробиштата на високо.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како сега да го гледам - бели коси, бело лице, бела брада, божем од снег си го направил.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Томе Манев. Ене, сега се прави наглув божем од топовите во борбите оглувел.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Почекајте! Веднаш слегувам!“ викнав. Брзаница се облекував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Низ прозорецот се слушаше налутен глас: тоа дедо Коле пак викаше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Божем од нас никогаш нема спокојство; сме се развикале во ниедно време; сме биле зинати усти -како раскракани чавки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но сестра ми се држела. Мојата близначка, сестра ми Нина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Од Новодеревјановское. Брат ми умрел. Божем од стомашна болест. Само толку. Веројатно од глад. Слично како и татко ти, Семјон.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Двапати беше нападнат од заседа, божем од разбојници, и темелно претресен под мој личен надзор.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)