бескраен (прил.) - далеку (прил.)

Таму, на небесата, Јосиф тоне од небо во небо, устремен кон еден прстеновиден облак што е толку бескрајно далеку и што е, еве, тука сосема пред него, кон чиј отвор тој сè повеќе и повеќе се пробива, доживувајќи ја во меѓувреме сладоста на летот низ безвоздушниот простор, сладоста што го води отаде блаженството.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На лицето на синот може да се види дека за него сѐ е бескрајно далеку, сѐ е како од некој минат живот, од некој туѓ живот – книгите кои ги напишал, разговорите кои ги водел, сеќавањата на деновите кои ги проживеал и ноќите кои не ги преспал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога би ги видел тие нешта како низ матно стакло, можеби и би можел да се сети дека некогаш го живеел тој живот, но за него неговото минато е во потполн мрак, или пак во овој миг тој е во мракот, и светлината во која трепери неговото минато само го заслепува, место да му овозможи подобро да гледа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)