бавно (прил.) - го (зам.)

И додека канцерозните клетки на „медитациите“ бавно го убиваат пивтиестото месо на (не)стварноста, иднината е само низа на трошни црвоточни денови, а сегашноста полузадушено се превиткува во пајаковата мрежа на минатото, јас останувам да плутам внатре себеси низ правливите патеки на ништото, отсликувајќи ја бескрајната космичка празнина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Ај бе малецак, немој да правиш проблем од ситнице - муштеријата повлече длабок дим и бавно го издиша: Свак си има своји мане.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во имагинарниот свет, миличок, а за разлика од ова што го нарекуваат реалност, поетот нема никаква друга цензура освен онаа што самиот си ја наметнува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Професорката бавно го заврте клучот и се уште со очилата прилепени за окцето ја држеше отклучената врата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Два метра под земја тој неверојатно бавно го пробива својот пат. ...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И отсекогаш бавно го признавале.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Лесно го препознав и нејзиниот ракопис на пликот со кој беше испишано моето име и презиме, адресата. Се гледаше напорот да биде ракописот што поубав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го отворив писмото со лек трепет во душата. Го очекував одамна овој познат ракопис, кој лесно не идеше, но кој беше дел од мојот идентитет кој со мојата оддалеченост бавно го губев неповратно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка ми бавно го служеше чајот. Сакаше да го врати вообичаениот тек на денот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вели: „Не, не беше сон! Навистина се случи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа се издишува длабоко и бавно го свртува лицето кон мене.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)