аирлија (прил.) - нека (чест.)

А ти, ела малку по мене“, и Башмајсторот замина покроце кон бараката, зборувајќи како за себе: „Си нашол работа, аирлија нека ти е, само мене ми е страв да не би да биде ова сѐ што ќе ѝ однесеме на мајка ти“, а оној едно време гледаше по Башмајсторот, се подвоуми, Башмајсторот ниеднаш не се обѕрна да види доаѓа ли овој по него, чекореше спокојно, и најпосле оној замина кон бараките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
СТОЈАН: (Крева барде со вода, а мисли на вино). Аирлија нека е, што работевме! ЗАФИР: Не ти оди благословот со вода...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ај, аирлија нека им биде! Нека ни се кердосаат!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ха, ха, ха!... Ич не може Славче од ум да ми излезе!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Е, е, е, аирлија нека е, аирлија. Нека се живи, нека се ќердосаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шпиро му ја подаде бовчата, тој ја зеде колку за адет, со едно мрзоволно „аирлиа нека е лели сте а направиле, аирлиа" и ѝ ја подаде на Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)