љубопитен (прид.) - минувач (имн.)

Како што пишува Вирџинија Вулф, и самата читател-навивач, во огледот „Како треба да се читаат книгите“, добриот читател е налик на љубопитниот минувач пред осветлените прозорци на една куќа, зад кои...на некој кат се одвива посебен човечки живот...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Најомилено место за престој ѝ беше летната куќичка. Бршленот нанижан на дрвените решетки ја заштитуваше од сонцето и од љубопитните минувачи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)