љубовен (прид.) - двојка (имн.)

Право кон езерцата! Таму беше потивко, ама имаше многу љубовни двојки по клупите и во тревата, се прегрнале, се гушкаат, се бакнуваат, а нам ни беше непријатно да им се моткаме наоколу и решивме да ги оставиме на мира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама каде да се оди за никој да не ти пречи и никому да не пречиш освен во третиот дел од паркот, во близина на Вардар?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Страшно издолжени, беа бесцелни и гробнички но не беа љубовна двојка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)