јужен (прид.) - лак (имн.)

На Градишки Рид, кој е, всушност, јужен лак на Потковицата, стотина метри источно од Градишки Пат, незабележливи на прв поглед, зашто се сокриени во шумата, затрупани во земја и сосема непознати за дошлаците, има остатоци од стара населба - расфрлани камења, покривни плочи, парченца ќерамика и слично.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На некои, со кои последни и за последен пат разговарал, ги сретнувал по патот и таму, на станицата, им кажал, во доверба, дека засекогаш си заминува од Потковицата и дека во куферот, не го симнувал од грб, го носи и тефтерот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се знае само, и тоа се прикажува, дека Јован, напуштајќи ја засекогаш Потковицата, откако пред тоа им се поклонил на моштите на својот одамнешен предок на Молитвени Води, удрил прекутрупа низ Градишка Шума, па одејќи само по сртот на јужниот лак, и потоа спуштајќи се по надворешните падини на западниот , заедно со придружничката, стигнал на старата железничка станица, новата тогаш сè уште не беше подигната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се најдува лево од малечката заветрина Трн Дабје, која е безводна и која ја сочинуваат почетокот на јужниот лак на Потковицата и крајот на западниот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навечер, пак, кога сонцето ќе се спушти ниско над Плоштина, и кога, малку потоа, ќе завлезе зад грбот на Потковицата, па сенките на западниот и јужниот лак ќе се издолжат дури до населбата на Станкоски Рид, а зраците на залезот ќе се прекршат во прозорците на куќите, тоа е навистина неискажлива убавина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се чини никаде на друго место, освен во Потковицата, нема толку убав, толку цветен, и толку долготраен залез.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)