југословенски (прид.) - република (имн.)

Неговиот портрет претставен од Антоан Перо беше крајно необичен и впечатлив, пред с затоа што ние ретко можеме да сретнеме, кај еден ист човек, толку исклучителни морални способности кои одат заедно со една извонредна морална и физичка храброст.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но тој беше отсутен, се наоѓаше во северната југословенска република, од каде што потекнуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја чувствував од далечината толку блиска моралната поддршка на Елен Лејбовиц во моменти на дефетизам поради опасноста настаните во Македонија да добијат трагичен епилог како во други поранешни југословенски републики.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таму ми раскажаа и за еден незамислив, единствен настан во историјата на ликвидацијата на козите во југословенските републики...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На 8 април 1993 Р. Македонија едногласно е примена во организацијата на ОН под привремено име Поранешна Југословенска Република Македонија како 181 членка заради енергичното противење на Р. Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 10 јуни 1993 македонската влада го прифати предлогот на владата на САД да испрати контигент од околу 300 американски војници во рамките на составот на мировните сили во Македонија, каде веќе беа распоредени 700 нордијски војници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)