југословенски (прид.) - државјанство (имн.)

Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Маџирчето, братучедот од Битола, кој во Скопје по некаква потврда за да го ослободат од служење војска, исто така придодаде доста кон она што го собирам за Несреќни луѓе, ама исто така неговата потврда беше доказ дека веќе примил југословенско државјанство и најверојатно ќе му доделат и стан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во текот на последното лето, особено по онаа конференција околу примањето на југословенско државјанство, станавме блиски со Михали Банчотов јас и Тарзан.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)