југословенски (прид.) - дипломатија (имн.)

Крајот на југословенската федерација, под налетите на силните геостратегиски поместувања во Европа, но и под силата на центрипеталните внатрешни националистички поместување, доведуваше и до крахот на моќната југословенска дипломатија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разбира имаше и стари ислужени дипломати, кои стануваа привилегирани советници на престижни компании, користејќи ги претходните знаења и врски, за некаков бизнис, но тие беа од друг ков, а можеби и помалку на број...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во посебно сеќавање ни остана на сите присутни амбасадори од стотина земји предавањето на тогашниот Претседател на претседателството на СФРЈ Лазар Мојсов и претседател во еден период на Генералното собрание на Обединетите нации. Го сметаа за еден од великаните на југословенската дипломатија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крајот на биполарната епоха го маргинализираше и значењето на неврзаното движење во кое југословенската дипломатија имаше клучно место, авторитет и влијание.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)