југословенски (прид.) - власт (имн.)

Од друга страна, "Србите тежнеат за поседување на Солун од стратегиски причини.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Едо успешно ги помина и полициската и царинската контрола на југословенските власти, но штом возот тргна, тој стана од местото и влезе во клозетот каде што го стутка пасошот, го напика длабоко во одводната дупка на клозетската шоља, ја навитка раката со тоалетна хартија и го притурна пасошот во дупката па пушти вода.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Според нив, „за Србија, моравско-вардарскиот пат до Солун е географски природен пат до морето, блокиран со грчкото поседување за излез... но, како и да е, се чини дека зоната во грчкото пристаниште југословенските власти ја сметаа назадоволителна и гаеја надеж да го добијат Солун целосно…“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)