југословенски (прид.) - влада (имн.)

Со тоа завршил неуспешно обидот на британскиот клон на СОЕ во Каиро да испрати воена мисија на територијата на Македонија кај емисарот на четничкиот генерал Дража Михајловиќ кој во овој период имал целосна поддршка од британската влада и од југословенската влада во емиграција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Југословенската влада ги протера од цела Војводина и Банат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нивните написи, по период од една и пол година, за првпат биле проткаени со оптимизмот дека воениот удар од 27 март 1941 година во Кралството Југославија ќе претставува пресвртница во војната, потенцирајќи дека југословенската војска, по формирањето на новата југословенска влада на генералот Душан Симовиќ, ќе може да му се спротивстави на можниот германски напад.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Анализата била доставена до сите релевантни политички и воени личности и тела: АФХК (АФХЉ), Амбасадата на САД при југославенската Влада, г.Брод, мајорот Клисолд, ОСС во Вашингтон и др.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во протестното писмо посебно се нагласило дека интервјуто е објавено во време кога вистината за Југославија станала позната во светот и кога британскиот премиер Винстон Черчил ги величел успесите на југословенските партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, германскиот напад на Кралството Југославија на 6 април 1941 година го сменил расположението на американските новинари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од средината на 1944 година, настаните на политичко поле во врска со Југославија се одвивале со таква брзина што во секој нареден ден се очекувала разврската на т.н. југословенски проблем.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во документот посебно внимание се посветува на контроверзата меѓу "федерализмот наспроти централизмот".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На овој обид на Константин Фотиќ реагирал Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло, кој на 26 април 1944 година упатил протестно писмо до Редакцијата на весникот „Њујорк тајмс“, изразувајќи притоа чудење зошто такви сериозни весници како „Њујорк тајмс“ и „Њујорк Хералд трибјун“ отстапуваат простор на своите страници за мистификациите во врска со Дража Михаиловиќ, упатени од членовите на реакционерната Југословенска влада во емиграција, на чело со нејзиниот претставник во САД, амбасадорот Константин Фотиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пристигнувањето на првите сојузнички новинари и нивните извештаи и репортажи од самото место влијаеле да се надмине времето кога Југословенската влада во емиграција и нејзините пропагандни центри успевале меѓу сојузничката јавност да протурат информации за „борбата“ на Дража Михаиловиќ и за четниците, игнорирајќи ги силите на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)