јадар (прид.) - ѕвезда (имн.)

Таа ноќ, под небото извезано со јадри ѕвезди, пригушнати едно до друго, ние тогаш деца, првпат одлачени од од мајчиниот скут, таму на таа лединка тивко липавме и во нашите солзи се давеше полната месечина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Наедаш од зад густиот облак се појави полна месечина, подувна ветер и небото се наполни со јадри ѕвезди какви досега никаде не сум видел.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Над нас безброј јадри ѕвезди, какви што никогаш досега не сум видел над американските предели.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Никогаш вака високо небо и јадри ѕвезди не сум видел...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога пристигна бродот во таа далечна земја Тој виде непознат народ поседнат на брегот И јадри ѕвезди на небото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)