јавен (прид.) - свој (прид.)

И работата се разбра! Комитите утре ќе денуваат на Маргара! — Тоа се барат од вас, бре синко!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ајде, ај ми со здравје и носи му здраво живо на агите; нека пратат и други авалеџии и беглиџии да збираат арачи и беглици — вели Јован и го јавна својот коњ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, јас презимуа, токо ти како си со момците? — го праша Толе и ги побара Трајка, Најда и Велјана кои, плашејќи се од аскерот што се точкаше тие дни по Црна, беше ги испратил поп Ристе на колибата да се маткаат околу стоката, да не паднат в очи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поп Ристе ја остави дома поповската шапка, тури црвен фес на главата, се наметна со ќулката од сакмата; и тој ја јавна својата маска и го фати Топли Дол, та не оди ни саат, дотрча до турските шатори под Маково во ливадите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти иих, шо такцират имале сиромаси со вас да тргаат, да би орлите ви го тргале месото на живота!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И еден убав априлски ден си го јавна својот Белче, си ја поведе „невестата" Митра по него и му отиде на поп Ристета на манастирот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Виде оти ја напуштија борбата сите, им удри уште неколку залпови во правец на конакот и казармата, си го јавна својот коњ и со другарите, го напушти и тој „бојното поле" со тешка тага на душата што не го турна Арслана од мудурлакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фатија метеризи зад карпите, а Ќосото, како секогаш и секаде, застана зад Толета да го држи коњот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Дури тие нас да не бараат, дајте ние ниј да и пречекаме по Мечи Дол, — им заповеда Толе и го јавна својот бел коњ, та бодна долу низ село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како стрејт-мажите се по тоа што се мажи и што на повеќето од нив, барем отпрвин, им се укажува достоинството и чувството на субјективна ополномоќеност што, главно, им се придаваат на мажите во систем на машка доминација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истовремено, повеќето такви мажи си ги задржуваат општествениот статус и чувството на субјективна овластеност што им припаѓаат на сосема полноправните мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да те признаат и да те третираат како машко неминовно значи и дека си општествено и субјективно конституиран како машко.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исходот од тој родово конститутивен процес се јавува во многу аспекти на формирањето на мажествениот субјект кои се земаат здраво за готово и кои поради тоа се инстинктивни: тие аспекти се движат од чувство дека имаш право на сопствените чувства и мислења до чувство дека имаш јавен свој простор или барем дека во него ти е удобно, до уживање на правото на говор и на можноста да ѝ се наметнеш на група или да ѝ ги наметнеш своите ставови, до запоседнување на сопствена еротска автономија и сопствен сексуален субјективитет. ‌Геј-мажите, тогаш, се и како стрејт-мажите и различни од нив, исто како што се и како стрејт-жените и различни од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со сите тие што излегоа од реката, а такви беа малку, бунтовниците бргу се расправија и ги фрлија нивните трупови по река, а Суљо-ага, избезумен од случајот, веднаш го јавна својот арапски коњ, издавајќи им последната наредба на тие што беа околу него да се спасуваат назад, и со двајца свои најблиски сејмени дотрчаа околу сонце огревање во Прилеп и го побара кадијата да му го пренесе страшниот пораз.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Преминаа и застанаа; провикаа пак нерде сан сен бре ѓаурлари, но пак ништо, ни слушнаа ни видоа и Суљо го јавна својот коњ и тргна пред тајфата, пропуштајќи пред него само двајца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)