јавен (прид.) - слобода (имн.)

Наместо консензус, Муф се залага за радикално демократскиот модел на „агонистички плурализам“, каде што сите антагонизми може да се изразат, а улогата на односите на моќ во општеството е препознаена, заедно со секогаш присутната можност за антагонизам. 3.2.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Јавниот простор е простор каде поединците ги гледаат и се видени од другите додека се занимаваат со јавните работи и затоа е неопходен предуслов за „јавна слобода“ (Хана Арент).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Светот дефиниран само преку приватната сопственост неопходно исклучува какво било постоење на јавна сфера која би била инклузивна и широко репрезентативна на разноликоста на различните јавности.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Јавниот простор и јавното себство: Арент за јавната слобода „Агонистичкиот“ модел на јавниот простор се наоѓа во самиот центар и на политичката теорија на Хана Арент.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)