јавен (прид.) - мнение (имн.)

Го насочуваат низ согледбите и ставовите креирајќи го јавното мнение како коректор на општеството и на неговиот вредносен систем.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој естаблишмент имаше можност да ги искористи моите знаења во едно организирано културно профилирање на јавното мнение.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но, тие се решија за поинакви форми на влијание врз јавното мнение.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се прикажуваат како она што не се, ги штитат интересите што не се интереси на воспоставување снажно, објективно, културно јавно мнение - а тоа би требало да биде единствениот нивен интерес: со своето постоење да ја елиминираат силата како аргумент.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Наместо духовното јадро на градот, како силен цивилизациски придвижувач, да се негува и развива, традициите на континуиран радикализам ја уништуваа духовната димензија на поимот град, не дозволувајќи да се создадат институции на јавното мнение што се над политиката и секојдневните притисоци од интерес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Досегашните обиди од страна на поединци, дали поради нивниот непоправлив романтизам или поради тесниот концепт во кој беа ставени, не успеаа, а тие самите останаа распнати од јавното мнение, со тоа губејќи ги и претходните какви-такви позиции.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На ова прашање ќе треба уште многу да се работи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Задолжително ќе го користам што почесто) - нема да кријам дека најпогодно средство за тоа ќе беше воспоставување на повремено официјално издание, што ќе ги дава погледите на раководството за секој поединечен предмет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овој владин орган, бидувајќи поддржан со доволно полициско и административно дејство на власта, ќе биде за јавното мнение неопходна yвезда, патоказ, светилник.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)