ѕвезден (прид.) - небо (имн.)

Набрзо по враќањето во Берлин, умира на 6 јули 1959. George Grosz, 1917 (фрагмент од писмо) Јас со поглед потполно продирам и таа работа за мене се единствените емоции (треперлива возбуда, бучниот уличен фронт на хартија!, или, ах!, вртење на ѕвезденото небо над црвената глава, електрично место на сликата, ѕвонат телефони, породилни врисоци, додека челичните ножеви мирољубиво дремат во запурноста на џебовите на подведувачите - а исто така и лавиринти од огледала, нивната улична волшебна градина! каде што Кирка ги претвора луѓето во крмаци, комичен тиролски шешир со перце, или rumms-tumm-tidle-walk во Патепон, каде што слушателот се фаќа за уво и музика од грамофон, палми од лаѓите со коишто продолжуваш, или песни на штитовите, или златниот штит, коло од букви - а вински црвеното, ноќите што локаат вино, во кои месечината е блиску до инфекцијата и до запцуениот кочијаш и каде што во прашливиот подрум се случува убиство со давење), ох, емоциите на големите градови! George Grosz, 1924 За да достигнам до стилот којшто... ја одразува нескриената суровост и немилосрдност на моите објекти, ги проучував драстичните манифестации на уметничкиот нагон.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во една од мајските вчери, во една од оние кои се без дожд а со убаво ѕвездено небо, во оние вечерни часови кога се испразнуваат и тесните улички од под „Монмартр“, кои преку ден се полни со купувачи што одат во најевтиниот трговски дуќан на „Драјфус“, во една ваква тивка вечер се најдов во подножјето на „Монмартр“, пред оие триста скалила што ги врзуваат со прочуената црква „Сакр Кер“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
а. Времето во поезијата За предлозите на Хлебников: „да се внесе новина во поседувањето над земјата: да се прогласи поврвната на индивидуалниот имот да не може да биде помала од поврвнината на земјината топка“, и уште: „ да се изврши постапно предавање на власта во рацете на ѕвезденото небо“, и особено: „ да се формира во сите земји за оние што сакаат вечна војна посебен пуст остров“, и за сето тоа неопходно е – време.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Можам ли да речам, како оној голем филозоф, дека ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене, се нештата кои ме определуваат?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ноќта одминуваше. Дали постоеше друг свет надвор од овој, под ова ѕвездено небо?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Понекогаш ќе се заклучеа во соба со сестрите и ќе си читаа тивко, ќе се кикотеа, воздивнуваа...откога ќе останеше сама, Томаица ќе си пуштеше музика на грамофонот и долго си лежеше во креветот, во темница, гледајќи низ прозорецот во ѕвезденото небо, препуштајќи ја нејзината романтична душа на нежните крилја на мечтите за голема Љубов.... ***
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Околните дрвја, белината на снегот, ѕвезденото небо почнуваат да се вртат во ритмот на лудечки валцер. – Вака ги ловам – кикотот неземен, а толку вистинит, опчинувачки танцува низ изместениот простор . . . еден, два, три . . .еден, два, три . . .
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Биењето на камбаната и воспевот на Воскресение Христово се крева високо кон ѕвезденото небо.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А кога престана брмчењето на моторите и во котлината се врати тишината, тој се загледа во ѕвезденото небо и се почувствува уште поосамен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа ноќ месечината имаше боја на топол и светлив килибар и без престан се огледуваше во нашите очи вковани во бескрајот на ѕвезденото небо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пак се повлекува и останува потпрен на лактите и загледан во ѕвезденото небо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И сега улицата живее од небото до Камениот мост А оттаму продолжува за да се влее Повтор негде далеку во ѕвезденото небо По мостот поминуваат и радоста и тагата на животот Помина по него и чадот од тратот, и молитвата На невестата што ја вградивте во темелите...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ѕвезденото небо што можам убаво да си го замислам никако да го симнам во заборавената куќа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Две птички во ѕвездено небо оро вијат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Оставете, во ѕвездено небо гнездо да свијат Две птички во раскошната убавина на природата во опојниот мирис на занесот во разгранетото стебло на животот каде чувството на убавото се негува а мрачната мисла во сенка, тони во бездната на очајот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Блажена беше ноќта во нејзините прегратки... посјајна од сонцето потивка од месечината потрепкава од ѕвездено небо Јас и Таа романтичен отсјај во машкоста нежност во нејзината женственост Ме погледна,со задимен поглед што подсеќа на љубовна романса без зборови,само со очи нејзиниот поглед кажува сѐ.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)