штабен (прид.) - офицер (имн.)

Черчил, од своја страна, му дал упатство на генералот, сер Хастингс Исмаил, штабен офицер кај Претседателот на владата, да му напише на Далтон, дека „е големо задоволство што грижливата и трпелива работа на вашите луѓе е богато наградена“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа го надополнува и Бејли, член на СОЕ, во писмото од 28 март 1941 година, кој бил во Белград, а потоа во Цариград, кој вели: „цврсто сум уверен со акцијата што непосредно му претходеше на државниот удар; можеби други управувале, но нужните претходни услови за тоа ги создаде наголемо СОЕ во Белград, работејќи на тоа во минатите шест месеци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)