шпански (прид.) - боиште (имн.)

Камилски по одбраната на докторската дисертација во 1936 година на Сорбона, во зенитот на својата револуционерна младост, ќе замине како доброволен борец во шпанските боишта на страната на Ла Пасионарија, горд што на истите боишта ќе бидат и Андре Малро, Орвел, Хемингвеј и многу други славни личности на времето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас појдов на шпанските боишта уште во 1937 година со борците од Македонија, на страната на Ла Пасионарија, кога не можев да ги издржам извиците на приврзаниците на фашизмот на Франко кога ја славеа смртта со зборови и на дело.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Марселезата со интернационалните доброволци последен пат ја пееше на шпанските боишта како член на францускиот доброволен одред.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога се најдовме на крвавите шпански боишта, постојано ја гледавме смртта в очи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Париските комунисти, макар што меѓу нив имаше и од ултралевото сталинистичко крило, веруваа дека со нив ќе се солидаризираат југословенските комунисти, меѓу кои имаше голем број шпански антифашистички борци на врвни позиции и тие ќе придонесат да биде ослободен нивниот соборец од шпанските боишта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше прв во колоната, како што некогаш беше прв кога јуришаа на шпанското боиште.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)