широк (прид.) - бел (прид.)

Добре ми дојде! — го поздрави мајка му, и како секоја мајка, го прегрна и силно го избакна по широкото бело лице.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таму крај езеро, под сенките на широките бели омбрели, пиеја и коњаци и црвени и бели вина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од коњот рипна буљукбашијата Суљо-ага во широка бела флока, црвен елек, тузлуци и голема чалма на глава, вооружен со долг јатаган и чивте кубури за појасот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)