широк (прид.) - употреба (имн.)

Модерни логограми Овие симболи се во широка употреба во современите пишувани јазици.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во 1625-та година кралот Џемс I, долго време главен опонент на тутунот, откако ја увиде неговата потенцијална економска важност, ја прифати неговата широка употреба воведувајќи мерки во регуларната трговија со тутун, во корист на британските американски колонии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зборот имал широка употреба, но со најчеста конотација: да се појде, да се побрза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со таква задача беше задолжен и Камилски, којшто овие зборови требаше да ги извлече од областа на архитектурата, урбанизмот, трговијата и занаетите, земјоделската терминологија, алатите, парите, мерките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Татко, чиј ред беше да ги претстави најтипичните заемки од областа на историјата, администрацијата, оружјето и воените звања, географијата, временските појави и другото на коешто ќе наидеше, додека според договорот, Камилски требаше да ги издвои и најкарактеристичните заемки со најдолговечна и најширока употреба на Балканот и во неговите граници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во раните шеесетти, Бојс започна да користи уште еден материјал кој подоцна ќе стане негов заштитен знак, агресивна и груба, кафеава боја за широка употреба наречена Braunkreuz.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во едно апстрактно дело од 1965 насловено ЕКСПЛОЗИЈА, сјајни сино-зелени наноси од спреј акцентирани со црвени потези со креон, служат како подлога за широки потези со четка (налик на оние на Клајн: овие потези со четка се изведени врз плоча со боја на сепија којашто Бојс ја нарекува - Beize, еден од најкористените материјали во тоа време.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Живот - Ако е богат, тогаш е полн со Дава - Глагол без широка употреба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)