широк (прид.) - тротоар (имн.)

По тротоарите, широките тротоари речиси е тешко движењето, зашто тие се преполни со луѓе, деловни и туристи секој брза да појде или во некој магазин за купување или пак во некоја кафеана и ресторан или пак во безбројните бистроа, слаткарници, продавници на сувомеснати производи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Монпарнас“ тешко се напушта, зашто бесцелно шетање по неговите улици само по себе претставува задоволство, особено во вечерните часови, кога по неговите широки тротоари се води улична трговија со разновидни накити, кои ги продаваат хипиците, придружувајќи ја со звуци на гитара.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лево - насока за тешките камиони, десно – за патничките коли и широки тротоари за пешаците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)