широк (прид.) - ракав (имн.)

Кога се покажав на вратата од дневната соба, ја здогледав Гала седната на тапацираното столче пред големото тоалетно огледало, со двете раце кренати над глава бидејќи очигледно си ја дотеруваше фризурата, широките ракави од бањарката паднати до над лактите, со нозете пред неа расчекорени и голи, задникот ширнат по тоа тапацираното столче како предојдено тесто, косата развеана преку рамената и по плеќите. Сигурно се готвеше за излегување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Азурно-сината туника од иберска ткаенина опуштено го обвиваше неговото тело до колена, преку неа тешката пурпурна наметка со широки ракави имаше на градите со златен конец мотив од фауната – паун и лав со дигнати предни нозе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оттогаш по цели денови, облечен во бела кошула од домашно платно, со широки ракави и пуштена речиси по глуждовите надолу по нозете и ќурдија од црн шајак без ракави, секогаш со по една клечка во секоја рака, стои на полена каде што би стоеле свирачите кои одамна во Брезница не дошле и постојано како да се готви да засвири.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)