широк (прид.) - простор (имн.)

Така, Симан, којшто е добар познавач на делото на Бојс, направил изложба низ која до­ми­нира продукцијата на цртежи и инсталации од скулптурален карактер, како што беше случај со оној негов комплет канцелариски мебел и бакарни прачки, “Ground”, претставен во 1981 година на изложбата “Арт, Германија денес”, или пак, напластувањето со филцани покривки наречено “Fonds VII”, кое влегува во колекцијата на националниот Музеј за модерна уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ретроспективата што тој ја замислил предлага пријатна „прошетка“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се надоврзуваат простори со различни димензии, во некои се среќава осамена творба (како Olivestones), како и широки простори кои слободно „дишат“, инсталации кои меѓусебно се допираат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Егзилот го научи дека, токму во услови кога доминира инерцијата на деспотската власт, останува широк простор за раководење според интуицијата, небаре Аријаднин конец на судбината.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
6.4 Откако се прогласив за Сам Не сум бездомен Имам широки простори за самување.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Да, се прогласив за Сам И сега не сум бездомен Имам широки простори за самување.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Лилица и Азра со грбовите (на Лилица грбот и беше испотен и по него се тркалаа јадри капки вода) беа потпрени на градите на Андон, двете со опуштени глави наназад, легнати едната на левото, другата на десното рамо на пријателот кој лакомо си ги имаше наполнето рацете со по половина задник од двете жени и со бавни движења на дланките ја чувствуваше разликата меѓу оној на малата Азра, тврд, заоблен, голем колку цицката на Лилица, со зафатнина рамна на својата рака, и задникот на Лилица кој оставаше широк простор за движење на другата рака со која Андон со благ стисок на најиспупчениот дел ѝ даде знак да се наведне над креветот, при што таа ја потпре главата на здружените подлактици и многу бргу ја почувствува тврдоста негова која влегуваше внимателно но сигурно и ѝ ја поткреваше сета внатрешност нагоре, ѝ ја враќаше кон грлото, кон устата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сѐ е озвучено во широкиот простор како од брезова шупелка.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
„Да си одиме по пругата“, рече Земанек и јас знаев зошто вели така: во таа општа дезориентираност во тој широк простор, во таа светлина што гаснеше, единствена сигурност да не се изгубиме нудеше пругата; таа водеше некаде, водеше на конкретно место, и гарантираше дека ако се оди по неа, нема да се скршне од вистинскиот пат; мостот нѐ воведуваше право во тунелот, тунелот што изгледаше како да ќе нѐ шмукне, како да ќе нѐ голтне, како да ќе нѐ спроведе на саканото место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред очите му прпелка сив гулаб кренат во рацете на свештеникот на Храмот и подготвен за жртвување, потоа пред очите му се појавува и самиот жртвеник на кој се принесуваат крвните дарови кон Бога од жртвените животни од кралот, од свештениците, од великодојстојниците и од бројниот народ кој во оваа камена градба виде исполнување на молитвите на генерациите од неговите излачени претходници, виде дом на Бога чиешто место на постоење го селеше со себе во своите долги номадски талкања по широките простори од Африка до Блискиот Исток, и конечно на канаанската земја и таму виде и дом за себе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Едно чудно животно од непознат вид трчеше низ широките простори на неговата радост, но каде се беше упатило и со каква цел, немаше одговор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Понекогаш Мил низ прозорците ја гледа борбата на ветровите што често се собираат над селото да се бијат; се бијат, Северецот и Југот, Источникот и Западецот, а во таа борба понекогаш се замешуваат и помалите ветрови и почнува еден општ метеж, хаос; час еден ветер зема превласт, час друг; во таа жолчност се кршат дрвјата, паѓаат ќерамиди од куќите, се рушат оџаци, пукаат прозорците, летаат снопови 'ржаница, паперка; се откорнуваат фиданки, младици се витлаат, лисја сламки, пеплишта; фиукат ветровите, урликаат како дивина, се витлаат по земјата, се креваат нагоре, фаќаат широк простор кон небото, и пак се спуштаат над селото и над брегот раскинувајќи го и чадот од дувалото во таа нивна борба.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)